Триглав Осигурување Живот
Кога сакаш да ги оствариш своите сништа за иднината, мора да им вдахнеш живот и да им дозволиш да живеат без ограничувања. Тие сништа се дел од нашата мисија, во која веруваме и со која живееме, а таа е да градиме посигурна иднина. Мисијата ја остваруваме преку нашите вредности, агилност, едноставност и доверливост. Секојдневно создаваме посигурна иднина за нашите осигуреници, сопственици, деловни партнери и се разбира, за вработените. Затоа секој од нас како поединец и сите заедно како тим веруваме дека со својата секојдневна и стручна работа придонесуваме кон сигурноста. На секој чекор, колку и да е мал, можеме да подадеме рака и да понудиме сигурност. Тоа важи како за мирните периоди така и во време на неизвесност и промени. Иднината на Групацијата Триглав е полна со надеж и доверба, многу работа и посветеност, но и визија во која фокусот е клиентот, како и развој на нови начини на работа кои се темел на нашиот одговорен и долгорочен развој. Извор за раст на профитабилноста се високо конкурентните и квалитетните услуги, ефикасното контролирање на ризиците и финансиската стабилност на Групацијата Триглав. Во секоја долготрајно успешна организација, брендот е тој што ги гарантира квалитетот и препознатливоста, што е особено важно за организациите коишто нудат услуги. Нашите најдлабоки уверувања ги резимираме во основните вредности на брендот, што секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи и во односите со околината: АГИЛНОСТ На предизвиците се трудиме да одговориме брзо и ефикасно. ЕДНОСТАВНОСТ Нашиот фокус се клиентите, затоа нашите производи и процеси се едноставни, високо квалитетни и транспарентни. ДОВЕРЛИВОСТ Ги остваруваме дадените ветувања и градиме доверба кај нашите клиенти. Покрај нашите вредности остануваме општествено одговорни. Одржливиот развој на Групацијата Триглав се темели врз општествената одговорност, која ги вклучува економскиот, законскиот, етичкиот и филантропскиот аспект. Јадро на секој моќен бренд е неговиот идентитет. Тој е темел на работењето и на сите идни промени, што ќе не доведат до одржлив развој со одличен углед. Идентитетот на брендот Триглав го сочинуваат интегритетот во делувањето, достапноста во комуникацијата, семејството како извор на инспирација и мотивација и понудата на најголема вредност.
Отворени работни позиции
Погледнете ги позициите што моментално ги има објавено оваа компанија.