Динерс Клуб Интернационал МАК АД Скопје
Diners Club Македонија
Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата уште од 1996 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија.
Во декември 2020 година, Diners Club Македонија за прв пат станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги. Со тоа Diners Club Македонија го презема ексклузивното право за издавање на Diners Club картички во Република Северна Македонија.
Речиси и да не постои производ или услуга што не може да се плати Diners Club кредитна картичка, благодарение на одлично развиената продажна мрежа во земјата и светот која постојано се зголемува.
Во Македонија со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа на рати и рати без камата во повеќе од 5.000 продажни места и преку 7.540 POS терминали. Семејството на Diners Club Македонија брои над 15.000 активни корисници, а компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги и 24/7 корисничка поддршка за своите членови.
Благодарение на одличните резултати, изградената репутација и големите вложувања и активности на пазарот, во 2022 година Diners Club Македонија добива дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
Отворени работни позиции
Погледнете ги позициите што моментално ги има објавено оваа компанија.
